Милошоски: САД не би си дозволила да го аместира оној кој ги отворил вратите, како Муковски во Македонија

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски го осуди насилството во Конгресот во Вашингтон, кое однесе 4 жртви, и според него, остави длабока лузна во американската демократија. Тој посочува дека за ваквиот чин во најмала рака одговорност мора да сносат нарачателот и извршителот на насилството, односно оној кој овозможил толпата да влезе во Конгресот.

„САД се држава која не верувам дека би си дозволила оној кој ги отворил вратите на Конгресот, како Крсто Мукоски во Македонија, да биде амнестиран од власта и судот. Во Македонија токму извршителот што ги отвори вратите за насилството на 27-ми Април беше амнестиран, а потоа стана и сојузник на владата и беше богато наградуван со милионски тендери за семејната фирма, со што се испрати порака дека доколку си послушен џубокс пратеник како Мукоски, насилството се исплати и финансиски, и политички . Бонус за “вратарот на насилството” во Македонија беше моментот кога истиот како дел од државната делегација во 2019та беше на аудиенција кај Папата Франциск, со што актуелната власт на Мукоски му организираше и еден вид на морално помилување среде Ватикан“, напиша Милошоски.

Пратеникот посочи дека за настаните од Вашингтон мора да имаат правна разрешница, а нарачателот и извршителот да одговараат, со цел да се спречи понатамошно поларизирање на општеството на највлијателната демократија во светот.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Царовска да ги послуша родителите, квалитетно образование мора да има

Катерина Павлова-Николовска

Милошоски: Случајот со директорот Пауновски само покажува дека институциите се диригирани од власта

ВИДЕО: Милошоски избега, не сака да ги погледне документите за кои вика дека се лажни

ВМРО-ДПМНЕ: Двајца министри од владата на Заев не добиле НАТО сертификати, власта нека не го релативизира овој скандал

Жарко Настоски

Документите за Милошоски постојат – сепак бил осуден во Германија

Кристијан Ландов

Милошоски пред да биде министер, бил осуден за фалсификување на исправи во Германија

Кристијан Ландов