(ВИДЕО) Милошоски: Парламентарно мнозинство не сака Анкетна комисија за пожарот во Тетово

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на прес-конференција информираше дека добиле неофицијална информација дека собраниското мнозинство ја одбива Предлог-одлуката за формирање на Анкетна комисија која што ја поднеле, како што вели, за да се утврдат постапките и недостатоците при изградбата и примопредавањето за употреба на модуларната болница во Тетово, која што беше опожарена и како резултат на тоа настрадаа 14 луѓе.

„Сметаме дека со ваквиот потег, парламентарното мнозинство не сака да се расчисти овој случај и не сака да добијат одговор прашањата кој ја носи политичката и кривичната одговорност за оваа трагедија која чинеше 14 човечки животи.

Сметаме дека г-динот Зоран Заев се’уште тактизира за да го заштити министерот Филипче, а пратеничкото мнозинство СДСМ – ДУИ за да ги заштити и надлежните во Општина Тетово и во клиничката болница во Тетово“, кажа Милошоски.

„За жал заштитата на нивните партиски кадри, министерот Филипче, заменикот министер од ДУИ, директорот на болницата од ДУИ и другите надлежни во општината Тетово им е поважна на власта отколку дознавањето на вистината за одговорноста за оваа голема здравствена и човечка трагедија.

Се надеваме дека преку медиумите и преку овој апел ќе успееме и понатаму да поттикнеме да се истражува овој настан, да не се заборави, се додека нема морална, политичка и кривична одговорност“, додаде пратеникот.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба