Милошоски на Фејсбук: Бомба во куќата на моите родители

Од:

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на неговиот Фејсбук профил објави дека била пронајдена бомба во куќата на неговите родители во село Ижиште.

„Вчера вечер во село Ижиште, околу 22 часот, екипи на МВР крим техника од Македонски Брод, Прилеп и анти-тероризам од Скопје успешно демонтирале бомба на задната врата во куќата на татко ми, кукавички поставена со цел да ги убие или рани моите родители. Имале среќа и Божја рака врз нив, и татко ми и мајка ми, што не турнале посилно кога отварале, а откако тој видел за што се работи, уредно пријавил. Очекувам сторителите да бидат пронајдени од надлежните органи.

• Заканата кон татко ми ја сметам за индиректна закана и притисок кон мене, поврзана со мојата политичка активност и мислење. Но, нема потклекнување, ниту повлекување. Борбата, со демократија, со говор, со став, со патриотизам за татковината, ќе продолжи со несмален ентузијазам!

А за крими-политичкото подземје, една порака, не бидете удбашки кукавици, оставете ги на мира нашите стари, нашите жени и деца!“ напиша Антонио Милошоски на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Милошоски: 650.000 граѓани се затворени во Република Македонија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Милошоски: Власта ја загрозува европската перспектива

Милошоски: МНР наместо да ја промовира Македонија се злоупотребува за рекламирање на министерот Османи

Уставниот суд одлучи: Милошоски не бил политички дискриминиран

Горан Наумовски

Милошоски: Неморално e Димитров сега да зборува за можен нов штетен договор со Бугарија

Ана Ололовска