Милошоски: „Македонија вработува“ ќе продолжи, а ќе се реализира и „Рурални развојни зони“

Од:

Носителот на кандидатската листа за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во изборната единица 5, Антонио Милошоски денеска во Битола оствари средба со занаетчии од Комората на занаетчии, кои како што рече, најголем дел од нив го користеле проектот „Македонија вработува“.

Милошоски истакна дека со проектот „Македонија вработува“ многу занаетчии реализирале нови вработувања со кои го зголемиле сопственото производство и пласман на производи.

– Додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт проектот „Македонија вработува“ ќе продолжи да ги дава истите поволности. Исто така, во Битолско ќе се реализира проектот „Рурални развојни зони“ со кој секој странски или домашен инвеститор што ќе сака да инвестира во рурално подрачје ќе добие од 10 до 20 проценти државна помош за капиталната инвестиција, 10 години ќе биде 50 отсто ослободен од плаќање на придонесите и 10 години нема да плаќа персонален и данок на добивка. Околината на битолскиот регион со ваквите поволности ќе стане една голема економска зона, изјави Милошоски на средбата со новинарите во Битола.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“