А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Милошоски: Комисијата за избори и именувања не може да биде над Собранието

by А1он14/09/2020 - 13:27204
Share0

Денес на собраниската седница се обрати Антонијо Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“. При своето обраќање Милошоски посочи дека Комисијата за избори и именувања не може да биде над Собранието.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Зошто сметам дека дневниот ред е несоодветен, и спротивен на Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија? Затоа што 30 години во ова Собрание никогаш не се случило да се утврдува персонален состав на постојаните работни тела, едноставно наречени Комисии на Собранието. Без притоа да биде донесена одлука за формирање на Комисии на Собранието“, појасни Милошоски.

Милошоски додаде дека согласно член 118 од Собранискиот Деловник запишано е став 1 – „Постојаните работни тела се основаат со одлука на Собранието“. Така било во 91-тата година, 94-тата, 98-ма и 2017-та година, до ден денес.

„Затоа што Собранието може да одлучи да има поинаков број или поинаква надлежност на постојаните работни тела. На пример 2006-та година имало 19 Комисии како постојани работни тела во Собранието, додека во 2016-тата година имало 21 работна Комисија. Се одлучило во 2016-тата година дека треба да постои и Комисија за локална самоуправа, Комисија за еднакви можности помеѓу мажите и жените. Кои што Комисии ги немало во 2006-та година“, истакна Милошоски.

Следете a1on на Youtube YouTube

Милошоски рече дека Комисијата за избори и именувања не може да биде над Собранието.

„Собранието мора прво да донесе одлука за формирање на постојани работни тела, а потоа Комисијата за избори и именувања да предложи нивен персонален состав, кој што Собранието има право целосно да го прифати, да го измени, да го одбие, и да одлучи суверено, и да го има крајниот збор во одлучувањето во Законодавниот дом“, додаде Милошоски.

sobranie

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 13:04

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски09/09/2026 - 12:1009/09/2026 - 12:56

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on03/09/2026 - 17:4603/09/2026 - 17:57

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Горан Наумовски02/09/2026 - 14:47

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски02/09/2026 - 14:0502/09/2026 - 14:14

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Горан Наумовски01/09/2026 - 14:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео