(ВИДЕО) Милошоски: Договорот кој Димитров го потпиша со Бугарија е штетен за Република Македонија

Од:

Пратеникот Антониот Милошоски, образложувајќи ја интерпелацијата за министерот за надворешни работи , рече дека Никола Димитров како министер потпиша договор со соседна Република Бугарија којшто за Софија е многу поволен, но за Република Македонија е штетен.

– Никола Димитров како министер за надворешни работи по однос на евроинтеграциите пред Комисијата за надворешна политика промовираше принцип на инклузивност каде што власта и опозицијата ќе работат заедно, а на првата прилика каде што можеше да ја покаже таа инклузивност без ниеден законски основ го отстрани Александар Николовски кој ги помина сите процедури да биде амбасадор на Република Македонија во ЕУ, рече Милошоски.

По однос на регионалната соработка, како што истакна, има тврдења од министерот Димитров дека позицијата на Република Македонија се подобрува во однос со соседите и регионално.

– Најдобриот одговор на ова прашање го дава средбата одржана на 13 јули во Солун, каде што претседателот на Србија и министерот за надворешни работи на Србија, премиерот на Грција и министерот за надворешни работи, премиерот на Бугарија и министерката за надворешни работи имаа трилатерална средба на која што разговараа за регионот, меѓу другото разговараа и за Македонија, а Македонија не беше присутна, рече Милошоски.

Во контекст на тоа додаде дека на трилатерална средба разговарале за евроинтеграциите, а Македонија не беше присутна. Третата работа, како што истакна, е немање јасен и конкоретне став по однос на темата за мигранти.

– Темата за мигранти е една од најактуелните теми во Германија, во Унгарија, во Полска, во Србија, во Турција, во Грција, во Италија. Имаме добри информации дека од Република Македонија се барало и се бара од Србија од Хрватска од Унгарија, од Словенија се барало и се барада ги зголемат своите капацитети за прием населување, социјални права по однос на темата мигранти, вели Милошоски.

Тој рече дека идеологијата на министерот Димитров е кариеризмот. – Видете ја неговата биографија и ќе видите дека кариерата секогаш била првиот приоритет во неговата идеологија, без ралзика кој е на власт дали Љубчо Георгиевски, Бранко Црвенковски, Никола Груевски или Зоран Заев, нагласи Милошоски.

Би можело да ве интересира

Османи: Дел од фабрика на лажни вести во ВМРО-ДПМНЕ е дека постои документ од ЕК потпишан од 25 членки за важење на старите документи

СДСМ: Милошоски да не го блокира Законот за рестриктивни мерки

Милошоски: Раштимана делегација во Минхен, двоглавото претставување е за потсмев

Милошоски: Пендаровски ја релативизира позицијата во која не донесе Владата

Катерина Ѓуровски

Милошоски до Јовески: Како може ДЗР во март да ви достави извештај за Онкологија, а вие до ден денешен да немате истрага?

Милошоски: ДУИ ги приватизира игрите на среќа