Миљазим Мустафа, 14 години дел од извршната власт, од денеска ќе одлучува за избор и разрешување судии

Од:

Собранието го изгласа предлогот на претседателот на државата, Стево Пендаровски, кумановецот Миљазим Мустафа (39) да биде нов член на Судскиот совет. Експресно по изборот за околу 2 часа беше закажано и се одржа полагањето свечена заклетва. Пендаровски го повлече предлогот на Ѓорѓе Иванов, Бујар Сабриу да биде изгласан за член на Советот на местото на Беким Реџепи.

Ви биографијата на Мустафа пишува дека 14 години бил дел од извршната власт. Мустафа е дипломиран правник со завршени магистерски студии за европска интеграција, една година работел во приватна скопска фирма, а цели 14 години бил државен советник низ министерствата за правда, одбрана и локална самоуправа и во Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор, а работел неколку месеци и во Владата. Неофицијално, Мустафа влегува во Судскиот совет со поддршка на ДУИ.

Тој бил член и на неколку работни групи и комисии. Во биографијата доставена до Собранието навел дека знае да работи „Мајкрософт“ и на „Интернет“. Говори албански, англиски и италијански јазик. Од 2017 година, Мустафа работи како државен советник за меѓународна правна помош во Министерството за правда.

Фактот што Мустафа доаѓа од позицијата државен советник во извршната власт, го отвора прашањето за влијанието на власта во изборот и разрешувањето на судиите, во услови кога државата треба да раскрсти со политичките влијанија во судството.

Би можело да ве интересира

Продолжува преписката меѓу Уставен и судиите: Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот

Катерина Ѓуровски

Судиите му одговорија на Уставен: мора да се почитува самостојноста и независноста на редовните судови

Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на скопска Апелација

Судскиот совет избра 68 нови судии, a разреши двајца

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието