Милевски ветува реформи во образованието

Од:

Претседателот на Либерално демократската партија ЛДП, Горан Милевски и кандидат за пратеник на опозициските партии предводени од СДСМ, денеска во Битола во рамки на предизборните активности ги претстави идните реформи во образованието.

Целта на реформите, посочи Милевски, е да се подобри образованието и наставниот процес

– Новата Влада сериозно ќе се зафати со реформи во образовната сфера, а приоритет ќе бидат наставниците, учениците и родителите. Веднаш и безусловно ќе го укинеме екстерното тестирање, ќе го намалиме бројот на ученици во паралелка и таа ќе изнесува најмногу 25 ученици во една паралелка со што ќе се обезбеди поквалитетна настава. Исто така ќе го намалиме бројот на наставни предмети што ги слушаат учениците, ќе го намалиме фондот на часови на наставниците со повисоки звања и тие ќе добијат менторска и консултантска улога во однос на помладите колеги, истакна Милевски.

На промоцијата на програмата „За живот во Македонија“, претседателот на ЛДП рече дека ќе биде вратена автономијата на универзитетите, а во Битола ќе се формира медицински факултет и ќе се изгради универзитетски кампус.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември