Миле Тодоров од Неготино е исчезнат во јануари, виден e кај планината Серта

Од:

Миле Тодоров на возраст од 28 години кој се води за исчезнат од месец јануари, виден е кај планината Серта, се вели во објавата на социјалните мрежи.

Миле Тодоров на возраст од 28 години кој се води за исчезнат од месец јануари, виден е кај планината Серта, се вели во објавата на социјалните мрежи, со која се бара да се споделува, бидејќи е важно, за да се пронајде младиот неготинец.

– Од очевидци, нашиот другар, пријател, брат, Миле Скечо е виден како се движи покрај планината Серта, релација Неготино-Штип. Најбитно е секој што патува натаму доколку го забележи, бил ослабнат со долга коса и брада, да пријави веднаш во најблиската полициска станица, би ве замолиле и за да можеме во што поголем број да дејствуваме, пишува во објавата, чија веродостојност ja потврдија блиски на момчето.

Според информациите што претходно беа споделени, тој последен пат бил виден на 30 јануари.

Од СВР Велес на неколку пати имаат кажано дека се трага со сите ресурси по момчето од Неготино.

Би можело да ве интересира

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

Возач усмрти куче во Неготино кое поминуваше на улица со кавадарчанка и нејзината малолетна ќерка

Горан Наумовски

27-годишен маж од Неготино ја истепа 19-годишната невенчана сопруга

Горан Наумовски

Инцидент близу Неготино: 26-годишник е тешко повреден во несреќен случај

ВИДЕО: Изгоре куќа во пожар во Неготино

Катерина Ѓуровски

Семејна драма: Син осомничен дека се закануваше на својот татко