Мијалков од „Фокус“ бара 27.000 евра за нарушени чест и углед

Од:

Првиот човек на УБК Сашо Мијалков на суд ќе бара 27.000 евра од новинар на „ Фокус“, уредниците, како и од поранешниот амбасадор Игор Илиевски за текстовите со наслов „Избегав поради притисокот од Сашо Мијалков“ и „Амбасадата во Чешка под закана за бомби, МНЕ не мрда со прст“.

Мијалков со тужба ќе ја брани честа и угледот, која како што инофмираат од адвокатската канцеларија Апостолски, која е негов правен застапник, му ја нарушил весникот„ Фокус“.

Апостолски вели дека објавеното во дневниот весник „Фокус“ е ноторна лага.

„ Ова ги преминува сите граници на пристојност и клиентот Сашо Мијалков се одлучи на тужба бидејќи не постои друг начин да се спречи злоупотребата на некои лица да изнесуваат лаги и невистини против него. Тоа што беше објавено во два последователни броја на дневниот весник Фокус е апсолутна невистина и ние поднесовме тужба за клевета според новиот закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета“, весли во официјалниот став, адвокатот Апостолски.

Поранешниот амбасадор Илиевски за весникот изјави дека главната причина зошто избегал од Чешка била координираната активност на шефот на македонската тајна полиција, Сашо Мијалков, со неговите „пријатели“, кои се мошне добро организирани во Чешка.

Би можело да ве интересира

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Белата куќа им забрани на Ројтерс, АП и други медиуми да известуваат за состанокот на владата

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on