Мијалков, Груевски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ се сретнаа со коалициските партнери

Од:

Состојбите предизвикани од европската должничка криза, активностите поврзани со евроатланската интеграција на Македонија, состојбите во владината коалиција и претстојните локални избори биле теми на кои на денешната средба разговарале лидерите на партиите од коалицијата „За подобра Македонија“.

На средбата присуствуваше и Сашо Мијалков, што е протолкувано како сигурен знак дека Груевски сака да го искористи и неговото присуство за зацврстување на коалицијата, во која има се повеќе разногласие.

„Се разгледуваше состојбата предизвикана од европската економска должничка криза, податоците кои се актуелни во Македонија и во Европа и се разговараа можностите и начините како да се изнајдат решенија со кои што би се намалиле негативните ефекти од кризата“, изјави по средбата директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Не разговарале за предвремени параламентарни избори,само за проблемите со ДУИ.

На прашањето зошто и директорот на УБК, Сашо Мијалков, присуствувал на средбата, Димовски образложи дека тој е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите