Михаилоски од трбината „Повеќе за сите“ во Велес: Со мерките 105 илјади ученици добиваат 1.200 до 1.800 денари месечно

Од:

Со СДСМ младите добиваат повеќе. Преку последниот 9-ти пакет антикризни мерки обезбедивме поддршка за 105.000 млади лица, ученици од основно и средно образование, чии семејства имаат ниски примање до 50.000 денари месечни приходи за период од 6 месеци, до завршување на школската година, рече претседателот на СДММ, Марко Михаилоски, денеска на трибината „Повеќе за сите“ во Велес.

-По 1.200 денари месечно до завршување на школската година добиваат 70.000 ученици од основно училиште. Тоа се вкупно 7.200 денари по ученик. Исто така, по 1.800 денари месечно добиваат 35.000 ученици од средно училиште. Тоа се вкупно 10.800 денари за 6 месеци. Повеќе за сите ја покажува нашата грижа за младите, за учениците, за сите, рече Михаилоски.

Тој додаде дека во пакетот мерки вредни 662 милиони евра обезбедни се ваучери за превоз за 15.000 студенти во вредност од 600 до 1.200 денари.

Почнувајќи од следниот семестар, субвенционираниот студентски оброк ќе се плаќа неделно, со што студентите ќе имаат на располагање по 840 денари секоја недела – средства што се добредојдени за студентите, рече Марко Михаилоски, претседател на СДММ денеска во Велес.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски