Михаилоски: Младите да ги водат промените, потребна ни е Европа дома!

Од:

Македонското општество во моментот е многу чувствително на секој предлог на Европската Унија, колку тој и да е добар и поволен за нас. Тоа е евроскептицизмот што самата ЕУ го изгради кон себе со третманот кон нас, постојано наметнувајќи нови услови на патот на нашите евроинтеграции, – нагласи Марко Михаилоски, Претседателот на СДММ на 15тиот летен камп „Трајче Нешковски“, што викендов се одржа во Охрид.

“Ние сите знаеме дека самото отворање на преговарачката рамка ќе ни го донесе тоа што како млади го бараме надвор од границите на нашата татковина – подобар живот за сите млади дома. Наместо да ја бараме среќата надвор од државава, заедно да ја градиме нашата иднина тука, во Северна Македонија. Потребна ни е Европа дома! Ние мора да ги водиме и да ги креираме промените, а не само слепо да ги следиме.“ изјави Михаилоски.

Учесници на Летниот камп беа запознати со носечкиот проект на социјалдемократската младината наречена „Акција сега“, кој е главна магистрала врз основа на која се креираат новите младински проекти и стратешките приоритети на СДСМ.

Во неколкудневната работа на кампот, организирана во неколку модули, работилници и предавања, каде беа дефинираа правци и проектите за младинскиот активизам во следниот период, учествува и повеќе партиски функционери. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во обраќањето на Летниот камп, им порача на младите дека нивната иднина е во е Европската унија и дека немаме генерации за губење.

„Во ЕУ ќе бидеме Македонци кои говорат македонски јазик. Така на вас младите што доаѓате, ќе ви оставиме чист терен, извесна и сигурна иднина во која ќе разговарате за економија, за здравство, за образование, за сè она што е нормално и што треба да се разговара во 21 век.“, посочи Ковачевски.

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, истакна дека слоганот “Акција сега” е синоним за Акција секогаш, затоа што треба младите да се активни, прогресивни и гласни за потребите и идеите.

Во една од сесиите, насловена како “Преку младински активизам до нови лидери” потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов, укажа на значењето на младинската будност, посветеноста кон идеалот во кој веруваме и желбата да напредуваме, како индивидуи. Тој потенцираше дека младите се силата на заедницата и енергенсот кој поттикнува напредок. “Тие вклучуваат, ја гарантираат праведноста и ги поттикнуваат позитивните промени во сопствената заедница”, рече тој.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов