Мицкоски зборува за промената на името, ама не го враќа старото име на државата, вели Филипче

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во објава на социјалната мрежа Х го прашува премиерот Христијан Мицкоски зошто кога толку сака да зборува за промената на името, иако ветувал, не го враќа старото име на државата.

– Мицкоски денеска повторно зборува за името. Кога клечеше и молеше за власт, ветуваше дека ќе го врати името и ќе го поништи преспанскиот договор, а нас нè нарекуваше предавници. Па зошто не го враќаш името БЈРМ? Затоа што знаеш дека тоа значи излез од НАТО и крај на европскиот пат. Лажеше тогаш. Лажеш и сега. Толку е со лажниот патриотизам со бугарски пасоши. Доаѓа времето на вистината – пишува Филипче на Х.

Би можело да ве интересира

Филипче за Извештајот на ЕК: Сè е полошо

Горан Наумовски

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта