Мицкоски: Засега ќе запре постапката за разрешување на Коцевски

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека постапката за разрешување на јавниот обвинител ќе се запре во моментот до таму каде што се наоѓа.

-Во овој момент имајќи ја предвид чувствителната ситуација во општеството планираме таа постапка да ја застанеме таму каде што се наоѓа, затоа што цениме дека обвинителите кои што работат посебно на случајот што се случи во Кочани, треба да работат и да сработат, да им дадеме шанса да сработат. Јас кога кажав дека сме задоволни впрочем можев да видам дека постои една заедничка акција и работа помеѓу МВР и Јавното обвинителство кое што резултираше со 34 обезбедени лица коишто имаат и најмал сомнеж за поврзаност со овој случај, рече Мицкоски.

Истакна дека тука нема да се застане, дека случајот ќе се проширува.

-Но исто така јавноста е чувствителна и на некои случаи од минатото кои ќе треба да видиме, да почекаме, Јавното обвинителство дали има амбиција и тука да констатира некои неправилности од минатото, и дали би можело можеби повторно можеби тие случаи да ги преразгледа па да видиме дали навистина сме сите за правда или таа правда треба да биде селективна. Да видиме дали навистина таа правда некогаш е добиена или таа правда била селективна, така што ние како влада го охрабруваме, тоа е работа на Обвинителството, не е наша како Влада, но го охрабруваме во таа насока да се движи и без разлика секој оној којшто направил било каква грешка и работел спротивно на законот да биде санкциониран, рече Мицкоски.

Владата на 11 февруари 2025 година донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Коцевски кој беше избран на оваа позиција пред една година, а неговиот мандат трае шест години. Министерството за правда, постапувајќи по заклучокот од 50-та седница на Владата, го изготви Предлог-мислењето за разрешување на државниот јавен обвинител

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Кога светски експерт како Кедев кажува нешто, мора да има позадина – целосно ќе се проверат сите индиции, одговорност ќе има

Изјавите на Ахмети не заслужуваат да се коментираат, вели Мицкоски

Мицкоски: Ќе предложиме резолуција за заштита на македонските национални интереси после локалните избори

Горан Наумовски

Ќе ги зголемиме платите во судско-обвинителската служба, изјави Мицкоски

Горан Наумовски

„Орце за 72 часа ќе направи генералка во Скопје, а потоа ќе следи одговорност“, вели Мицкоски

Платите во јули пораснаа за над 10,5 отсто споредбено со јули 2024, а државниот и јавниот долг се намалени, вели Мицкоски