ВИДЕО: Мицкоски и Заев се сретнаа на пет минути – немале што да си кажат

Од:

„Средбата траеше кратко, немавме што да си кажеме“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по неколкуминутните разговори со премиерот Зоран Заев во Владата. Тој рече дека средбата била куса, бидејќи темата била исцрпена за овие дена и тој немал што повеќе да додаде од она што го изнесе на прес-конференции деновиве.

„Ова е договор за капитулација, тој ни беше предаден на ВМРО-ДПМНЕ, утре ќе помине на владина седница и ќе биде декласифициран. Ние допрва ќе го анализираме, а и јавноста ќе може да го види. Договорот прво ќе го разгледаме внатрепартиски, ќе го анализираме во сите партиски тела. Ќе се консултираме и со верските заедници, МАНУ, ќе повикаме на консултација и други општествени групи, така што би сакале еден поирок дијапазон на милења да собереме во наредниот период“, изјави Мицкоски по средбата.

Во врска со средбата со Иванов тој информираше дека размениле мислења околу договорот. Од Иванов бил информиран дека тој денеска ќе има обраќање до јавноста.

Галена Николовска Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар