Мицкоски: Заев и владеачката коалиција ниту еднаш не застанаа во одбрана на националните интереси

Од:

Зоран Заев и коалицијата од Владата ниту еднаш не застанаа во одбрана на националните интереси, се надевам дека ќе најдат храброст да застанат зад македонските интереси и да ја подржат Резолуцијата во Собранието, порача вечерва од Битола лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Жалам што одлучија да бидат пиуни на Зоран Заев и СДСМ и практично Заев и СДСМ наместо директно да им соопштат на граѓаните, одлучија преку коалиционите партии да го сторат тоа, жалам што не најдоа за храброст да застанат во одбрана на македонските национални интереси“ – рече Мицкоски зборувајќи за албанските партии кои ја отфрлија Резолуцијата.

Мицкоски вели дека за нашите соседи не постои попосакуван од Зоран Заев, затоа што тоа што е во интерес на македонскиот народ за него е на дното од скалата на приоритети, а секогаш прв приоритет претставуваат интересите на нашите соседи.

-Се надевам дека во четврток Резолуцијата ќе биде дел од собраниската дебата и таква каква што е без никакви измени ќе изнајде храброст еднашка СДСМ и Зоран Заев во името на единството на македонскиот народ да ја подржат таа Резолуција, порача Мицкоски од Битола.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Мицкиски: Следната недела ќе биде познат предлогот за нов Државен јавен обвинител

(ВИДЕО) Мицкоски: Без квалитетно образование нема модерна држава