Мицкоски за случајот Пендиков: Политичарите од владата имаат свиткана кичма

Од:

Со тоа што денеска овој човек што стана вип личност во Софија дава одговор дека целата оваа ситуација е политизирана, но јас кога би бил бугарски државјанин, Бугарин и кога ќе го видам дека Пендиков е вип личност и дека ужива поголеми права од мене би се засрамил од раководството на мојата држава. А тоа таму за е се уште техничко раководство таму по не знам кој пат. Но и би се засрамил од политичарите во мојата држава кои даваат поддршка на тој човек кој воопшто не го ни познаваат, а доколку се потруделе да дознаат нешто повеќе за тој човек ќе дознале дека тој заслужува се само не вип третман и ќе дошле до заклучокот дека станува збор за човек кој не ужива никаков углед во средината во која е растен и ако малку повеќе се распрашале ќе ја дознаеле вистинската причина зошто се случил тој инцидент, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на општина Петровец.

Но, додаде тој, за жал политичарите во Софија решија да го политизираат мислејќи дека тоа ќе им донесе некој поен плус во изборната кампања мислам дека контраефект ќе добијат.

„Мислам дека на голем број потенцијални гласачи ќе им се згади ова однесување на политичарите во официјална Софија, бидејќи тој човек заслужува се само не вип третман. Јас познавам многу мои колеги од универзитетот, бизнисот кои што имаат многу поголеми предиспозиции да бидат третирани како вип за разлика од овој човек. За жал тие се игнорирани од бугарските политичари. Тие одлучиле да прават политика наспроти изборната која ќе се случи некаде во април месец оваа година“, кажа Мицкоски.

Тоа, укажа Мицкоски, е објективниот дел, сега субјективниот, тоа се овие нашиве кои имаат свиткана кичма, кои коленичат и кои дозволуваат се да им се каже и да се навреди македонскиот народ и македонската држава затоа што се длабоко инволвирани во криминални и коруптивни скандали.

„Тоа е суштината и затоа кога зборуваме за предвремени избори велиме дека колку побрзо овие луѓе ќе заминат од политичката сцена толку побрзо ќе и тргне на Македонија. Се додека овие луѓе се таму се додека сме сведоци на свиткана кичма и се додека сме сведоци на вакви естрадни гимнастики во политиката за жал Македонија ќе назадува, народот ќе ни се отселува децата ќе ни се отпишуваат од училиште и Македонија ќе ни се празни. Затоа ако малку има разум час поскоро да седнеме и да договориме избори во спротивно жалам што морам да констатирам дека ќе бидеме сведоци на голгота бидејќи за секој еден ден ќе ни требаат неколку дена за да ја нормализираме ситуацијата“, заклучи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски – Сијарто: Македонија е предолго надвор од ЕУ

Мицкоски: Ковачевски е исплашен, бега од избори, од дебата

Горан Наумовски

Мицкоски од Тетово: Време е ДУИ да оди во пензија и во опозиција

Мицкоски: Пред партијата е победа на следните претседателски и парламентарни избори

Мицкоски кон Ковачевски: Кога човек е слаб, немоќен и кукавица тогаш за да се прикаже жртва го вовлекува своето семејство

(ВИДЕО) Мицкоски: Со овие луѓе во овие институции не само што нема надеж, туку корупцијата и криминалот може само да се продлабочуваат

Горан Наумовски