Мицкоски за претставката на СДСМ за Резолуцијата за мигрантите: Нека одлучи Уставниот суд

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ја поднесената претставка на СДСМ за изгласаната Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција, истакна дека тој нема да коментира и остава Уставниот суд да донесе одлука за оваа иницијатива.

-Јас немам коментар. Сепак, тука е Уставниот суд. Уставниот суд е тој кој што треба да донесе одлука за иницијативата на СДСМ. Јас навистина жалам што СДСМ не беше во рамките на Парламентот да изгласа Резолуција со којашто заеднички ќе се обврземе дека било која Влада ќе биде во Македонија дека нема да дозволиме изградба на мигрантски кампови, дека на дозволиме прифаќање на било каков тип на мигранти или неуспешни апликации на азиланти кои се резултат на било каков договор и на било каква политика. Тие одлучија да калкулираат и ја напуштија салата. Јас навистина жалам, бидејќи претходно водеа една лажна кампања дека сме се сложиле за нешто за што не сме се сложиле. Еве, нека одлучи Уставниот суд. Јас не ги коментирам одлуките на Уставниот суд. Тоа сум го кажал многу пати во минатото, рече Мицкоски по посетата на фабриката „Алкалоид“ АД Скопје.

СДСМ до Уставниот суд поднесе претставка за уривање на правниот поредок откако владејачкото мнозинство во Собранието усвои „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“.

Собранието завчера ја усвои Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција, поднесена од парламентарното мнозинство.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски тогаш истакна дека парламентарното мнозинство и Владата имаат јасна и непроменлива политика против нелегалната миграција и дека никогаш не било побарано, ниту ќе се дозволи, изградба на мигрантски кампови или трајно сместување мигранти во државата.

Според него, со Резолуцијата се става крај на шпекулациите и дезинформациите што создаваат страв и несигурност кај граѓаните.

Би можело да ве интересира

Има очекувања на некои радикални елементи во нашата структура за повлекување од меѓународни договори и преговори – тоа би било идеално доколку сме ние сами на овој свет, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Мицкоски од Вашингтон: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека- економијата мора да оди напред

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пред Атлантскиот совет: За членство во ЕУ треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Му пишувал дека е свиња и дека ќе го коле на плоштад, Мицкоски за заканите од 39-годишниот маж

Катерина Ѓуровски

Обвинителството бара привор за кумановецот кој му се закануваше на Мицкоски

Катерина Ѓуровски