Мицкоски: За правдата не планирам компромис, нема ново Пржино

Од:

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во видео порака на Фејсбук, осврнувајќи се на преговорите за законот за Јавно обвинителство, порачува дека за правдата не планира никаков компромис и оти препознава задни намери кај власта на која и порачува, како што наведува, „да не се надева на ново Пржино и некаков нов договор на кој ќе се повтори реприза на ослабеното ВМРО-ДПМНЕ кое ќе потпишува сѐ и сешто“.

– Еднаш Заев ќе се пофали дека имал две третини за обвинителството, па кога ќе види дека нема тогаш министерката ќе каже дека еве ќе го менуваме советот зајавни обвинители зошто таму не ни требаат две третини. Но сами си ги кажуваат задните намери кои имаат две цели: Првата е политичка – да се пресметаат преку инсталациите во Обвинителството со политичките неистомисленици. Втората е да го заштитат криминалот којшто ќе го стават зад себе, а обвинителскиот систем да им биде слуга. Тоа така не може, и тоа така нема да помине, истакнува Мицковски.

И ако се надеваат на некакво ново Пржино, дополнува, на некаков нов договор на кој ќе се повтори реприза на ослабеното ВМРО-ДПМНЕ кое ќе потпишува сѐ и сешто, надополнето со по некој преторијанец во преговарачкиот тим, треба да знаат дека тој филм нема да го гледаат. – Затоа што ВМРО-ДПМНЕ, јас како негов претседател вам и на сите низ Македонија ви ветувам правда, а за правдата не планирам никаков компромис, вели Мицковски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Мицкиски: Следната недела ќе биде познат предлогот за нов Државен јавен обвинител

(ВИДЕО) Мицкоски: Без квалитетно образование нема модерна држава