Мицкоски за повикот на Османи: Требаше да седнеме на маса пред да ги потпишат капитулантските договори

Од:

Како и обично, доцнат едно две три години во своите намери. Требаше пред да ги потпишуваат овие капитулатнски договори да седнеме на маса. Вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање за коментар околу предлогот на министерот за надворешни работи Бујар Османи за нов рамковен договор за ЕУ.

„Ние повикувавме, се сеќавате, јас повикав 5 тима да се формираат, да седнеме и да направиме стратегија и врз основа на таа стратегија понатаму да делуваме. Ние и покрај тоа гледате еден од тимовите е веќе ефективен, овој кој што помага во економијата, во енергетиката и покрај што тие тогаш надмено одбија, неодговорно, незрело би рекол. И сега еве со огромно задоцнување повторно нешто се нуди зашто се нема концепт јасен. Претпоставувам дека тоа е обид за дефокус од одговорноста која што се бара од неговата партија за министерот за надворешни работи. Да почекаме да видиме како таму ќе се развиваат работите, па дури потоа ќе можеме да говориме за некакви планови во иднина, истакна Мицкоски.

Османи вчера, во присуство на словенечката министерка за надворешни работи, ја повика опозицијата на создавање на, како што го нарече, „нов рамковен договор за ЕУ“ кој ќе ја извлече европската агенда од дневнополитичките случувања и блокади.

„Ако навистина сакаме 2030 да ни биде рок за влез во ЕУ мораме да си подадеме рака меѓу власт и опозиција дека оваа тема – ЕУ ќе ја тргнеме надвор од дневнополитичките препукувања. Нам ни треба нов рамковен договор за ЕУ во кој партиите од која било страна на политичката сцена ќе склучат договор дека ќе се поддржуваме за прашања поврзани со ЕУ. Еве уште еден повик – ајде да ја искористиме оваа шанса, да го искористиме 19 јули како историски датум на нашиот европски пат, да седнеме на маса, да седнат партиските лидери и да склучат меморандум, договор дека ќе се помагаат за прашања за ЕУ независно од тоа кој е на власт“, изјави вчера Бујар Османи.

Би можело да ве интересира

Мицкоски – Сијарто: Македонија е предолго надвор од ЕУ

Мицкоски: Ковачевски е исплашен, бега од избори, од дебата

Горан Наумовски

Мицкоски од Тетово: Време е ДУИ да оди во пензија и во опозиција

Мицкоски: Пред партијата е победа на следните претседателски и парламентарни избори

Мицкоски кон Ковачевски: Кога човек е слаб, немоќен и кукавица тогаш за да се прикаже жртва го вовлекува своето семејство

Мицкоски за случајот Пендиков: Политичарите од владата имаат свиткана кичма