Мицкоски: За дуел Пендаровски треба да е претседател на СДСМ и да се извини на Гордана Силјановска Давкова за навредите

Од:

При денешната посета на Стопанската Комора за Информатички Технологии – МАСИТ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање во однос на тоа што Пендаровски го покани на дуел и истакна дека за Пендаровски да дебатира со него потребно е Пендаровски да е претседател на СДСМ, и да се извини на професорката Гордана Силјановска Давкова за навредите упатени на јавна цена а потоа нема никаков проблем да дебатира на било која тема.

„Пендаровски го гледам по митинзите како се препелка, се пресметува со сите практично и во ред, тоа е негов начин на водење кампања претпоставувам, Ковачевски не би сакал да го коментирам бидејќи го нема, човекот исчезна, а Пендаровски за да дебатира човекот со мена најпрво треба да биде претседател на СДСМ, СДСМ да биде наскоро најголема опозициска партија и јас му стојам на располагање во било кое време за било која дебата, ќе избере медиум, ќе избере време, ден и немам никаков проблем да дебатирам. Но сега треба да се завршат овие претседателски избори и како што стојат бројките ќе доживее силен пораз и треба уште еден услов да исполни а тоа е да се извини на професорката Гордана Силјановска Давкова за навредите кои што ги кажува на отворена сцена и навистина мислам дека тоа што тој го прави е непримерно но тоа е негов начин на однесување, навреда кон дама навреда кон жена е нешто кое што ниту е дел од мојот карактер ниту пак за мене е прифатливо и очекувам тој гест да го направи, да се извини па потоа се останато“, нагласи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Никој нема против албанскиот јазик, но треба да се знае дека официјалниот јазик во оваа држава е македонскиот

ВИДЕО: За реконструкција на Владата ќе разговара во периодот мај/јуни

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива

Мицкоски се сретна со Пленковиќ – регионалната соработка и европската перспектива во фокусот на разговорите

А1он