Мицкоски за демографијата: Создавањето семејство е патриотски чин и денес така се брани иднината на Македонија

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски во следниот период најавува поробусни акции со коишто ќе се подобри демографската слика на земјата и тоа според него ќе биде главниот предизвик во годините што следат.

– Мислам дека главен предизвик за нас како држава во годините што следат е демографијата. Многупати сум зборувал и ќе продолжам да зборувам и ќе бидам многу гласен бидејќи може да реновираме безброј градинки и училишта, да правиме патишта, ако немаме деца, тогаш тоа ни е залудно. Можеби некои ќе ме прогласат за конзервативен, некои ќе ме прогласат за човек кој живее во минатото, но јас мислам дека создавањето семејство е патриотски чин и денес така се брани иднината на Македонија, изјави Мицкоски по пуштањето во употреба на булевар во Гевгелија.

Смета дека придонес кон ова ќе дадат и најавените шест бесплатни ин витро процедури.

– Ценам дека овие двојно зголемени бесплатни шест ин витро процедури за разлика од минатото кога беа три, се во таа насока, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.

Би можело да ве интересира

Следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, најави Мицкоски

Горан Наумовски

Мицкоски: Правиме сè за да нема зголемување на цената на струјата и на парното

Горан Наумовски

Мицкоски: Ниту едно дете не смее да биде заборавено, ниту еден детски сон не смее да биде однапред изгубен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Зошто се молчи за влезот на Алта и Мацура и во осигурувањето – кој ќе одговара?

Горан Наумовски

Спортска сала, мамограф и патни инвестиции – премиерот Мицкоски најави нови проекти за Делчево и регионот

Мицкоски: Реалната нето-плата е за 5,2 отсто поголема, во владата на СДСМ и ДУИ беше намалена за пет отсто