Мицкоски за црквата во Галате: Повеќе нема тензии, очекувам проблемот да се реши час поскоро

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема повеќе тензии на терен во однос на реконструкцијата на црквата во Галате и очекува час поскоро да се реши проблемот. Повтори дека ќе има вакви провокации и апелираше за смирување на состојбата.

– Од информациите од теренот сигурен сум дека тензии повеќе нема. Ви го кажав мојот став во врска со ова прашање што беше резултат на тие тензии, очекувам час поскоро да се реши овој проблем и мислам дека воопшто немаше потреба од ваков тип на емоција, туку беше сосема нормална работа сето тоа да се случи. Но, јас ви кажав и тоа го коментирав во текот на вчерашниот ден што се крие реално позади сето ова и апелирам повторно за смирување на состојбата насекаде. Ќе има вакви провокации, изјави Мицкоски.

Посочувајќи дека „многу пари се испокрадени изминативе години и многу голтари станаа милионери“ рече дека свесни и исплашени дека конечно ќе одговараат, единствен начин да се спасат и да предизвикаат дестабилизација и несигурност се вакви изолирани инциденти.

-Тие немаат друг начин, ова е тоа, затоа што знаат дека денот кога одговорноста доаѓа полека но сигурно се наближува. Тие гледаат и се исплашени и во страв прават вакви работи, рече Мицкоски, на новинарско прашање дали планира да има средба со градоначалникот на Врапчиште Исен Шабани за намалување на тензиите околу реконструкцијата и уредувањето на дворот на црквата Св. Петка во Галате.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Не е проблем да појдам во ССМ, понудата е на маса, нека се одважи гранковиот синдикат УПОЗ да потпише

Мицкоски за затворањето на постмониторинг-дијалогот со Советот на Европа: Со ова Европа признава дека сме зрела демократија и дека имаме функционална Влада која се грижи за иднината на оваа држава

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ССМ одби колективен договор со кој платата на администрацијата ќе се зголеми за околу 40 проценти

Горан Наумовски

150 електрични автобуси ќе се набават за Скопје и општините

Мицкоски: Затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа е историски момент

Горан Наумовски

Мицкоски: Ќе има зголемување на минималната плата, но по законска постапка