Мицкоски за Ахмети: Ако некој знае каде се наоѓа Груби, се надевам дека ќе биде повикан во Обвинителството

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски се надева дека Обвинителството ќе го повика лидерот на ДУИ Али Ахмети кој, како што пренесоа вчера косовските медиуми, изјавил дека поранешниот вицепремиер Артан Груби се наоѓа на албанска територија и дека ќе се врати во земјава само ако нема одмаздничка и селективна правда.

– Се надевам дека ова допира до Обвинителството и има правна процедура во којашто ако имаме личност која знае каде се наоѓа бегалец од законот дека ќе ја повика таа личност и таа ќе даде одговор на прашањето каде се наоѓа бегалецот од правдата. За се останато можам да дадам коментар дека на секого во државата му е јасно како се поставуваа обвинители и судии изминативе седум години. Истите тие без кои не можеше да помина квалификацијата преку Академијата на судии и јавни обвинители, сега велат дека правдата некому му била оневозможена и дека ова било политички прогон. Да потсетам – именуваното лице бегалец се наоѓа на листата на санкции на САД и таму јавно велат дека ова лице заедно со едно друго се поврзуваат со големи коруптивни скандали. Претпоставувам дека нема да го обвинат и Стејт департментот дека прави политички прогон, изјави денеска Мицкоски.

Според премиерот, најлесен начин да се докаже дали некој е виновен или не, е да дојде, да даде исказ и да се соочи со правдата.

– Нема ништо лошо во тоа да дојдеш и да кажеш дали си во право или не, а обвинителите и судиите да одлучат понатаму што и како. Ние не се мешаме, тие нека одлучат врз основа на доказите што ќе ги добијат од истрагата, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Мицкоски: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Мицкоски чека одговор од студентите за владиниот предлог за студентски оброк

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски