Мицкоски: Во Собранието се спрема настан што не ја почитува волјата на огромен број граѓани

Од:

Денес власта и парламентарното мнозинство прават атака врз демократијата, ја поништуваат волјата на граѓаните, пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на својот фејсбук-профил. Тој негира дека пред почетокот на седницата за законот за јазиците се сретнал со премиерот Зоран Заев и собранискиот спикер Талат Џафери. Единствено, како што вели, имал координација со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Парламентарното мнозинство во Собранието спрема настан што не ја почитува волјата на огромен број македонски граѓани, го крши Уставот, Деловникот, ова е директен удар врз соживотот во Македонија од кој ниту Албанците ниту Македонците нема да имаат подобар живот. Само две партии што се договориле врз грбот на етничките заедници мислат дека имаат ќар. Но, државата и граѓаните не. ВМРО-ДПМНЕ е против ваквото сценарио со чист разум затоа што тоа е единствениот исправен чекор, затоа што јас и ВМРО-ДПМНЕ ќе останеме да ги штитиме интересите на граѓаните“, напиша Мицкоски.

Во собранието во тек е 32. седница, на која на дневен ред е законот за употреба на јазиците. Опозицијата по подолго време седна во собраниските клупи, како што најави вчера, во исчекување да се расправа за поднесените 35 илјади амандмани.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар