Мицкоски во посета на Србија: Македонците кои живеат овде се чесни и домаќини луѓе

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска е во посета на општина Лесковац во Република Србија на средба со македонската заедница која живее таму.

Мицкоски на средбата посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која се грижи за македонското национално единство и води грижа за сите Македонци без разлика каде и да живеат.

– Овој ден е многу значаен бидејќи ние како политичка партија ВМРО-ДПМНЕ сме партија која се грижи за македонското национално единство. Така и се вика нашата партија. Така што ние како партија водиме грижа за сите Македонци секаде во светот. Тоа е фини луѓе и домаќини кои ги почитуваат државите во кои живеат, а нивната држава Македонија и ВМРО-ДПМНЕ како партија, секогаш се грижела, се грижи и ќе се грижи во иднина, посочи тој.

Мицкоски додаде дека чест му е што овие деца можат да учат на македонски јазик и потенцираше дека на тој начин нема да го заборават нивниот мајчин јазик и корењата од каде потекнуваат.

– Нас ни е задоволство што овие деца можат да учат македонски јазик и да не го заборават да се сетат за нивните корени и да знаат од каде потекнуваат, кој се и што се, но и секако во иднина да продолжат да ја почитуваат државата во која живеат, а тоа е секако Република Србија, но да не заборават дека нивната татковина е Македонија, истакна Мицкоски.

Мицкоски се заблагодари на градоначалникот на општина Лесковац за одличното гостопримство и кажа дека продолжува со посетата и со средба на македонската заедница во населеното место Јабука, во општина Панчево.

– Голема благодарност за нашиот домаќин градоначалникот во општината Лесковац, голема благодарност за македонската заедница овде во Лесковац. Ние денеска продолжуваме со посета и во Јабука, во општина Панчево таму повторно ќе се сретнеме со Македонците кои живеат овде во Србија, рече тој.

На крај Мицкоски упати порака дека Македонците и Србите треба да продолжат да живеат и да се почитуваат, како и дека се надева на одлична соработка со сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, Српската напредна странка која што е владејачка партија во Србија.

– Мојата порака е дека двата братски народи македонскиот и српскиот треба да продолжат да живеат заедно, да се почитуваат и да се негуваат релациите меѓу двете држави Србија и Македонија, а ние како политичка партија ВМРО-ДПМНЕ и идна влада се надеваме на одлична соработка со нашата сестринска партија тоа е Српска напредна странка, која е владејачка партија овде во Србија, заклучи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Зошто не дозволувате декласификација на сите материјали поврзани со случајот со АНБ?

(ВИДЕО) Мицкоски: Коалицијата „Твоја Македонија“ која заеднички ќе настапи на овие локални избори

Опозицијата ќе шири шпекулации и невистини во текот на кампањата, вели Мицкоски

Горан Наумовски

„Македонско најдобро“ е кампања за поттик на домашното производство, вели Мицкоски

Мицкоски: За прв пат имаме базична инфлација во негатива, очекувам тој тренд полека да продолжи

Горан Наумовски

Мора да има одговорност за прислушкувањето, порача премиерот Мицкоски