Мицкоски: Во Кисела Вода се реализира се што е ветено

Од:

Благодарност до Орце градоначалникот на Кисела Вода што продолжува да ја реализира програмата која што ја вети пред граѓаните на општина Кисела Вода. Благодарност исто до администрацијата на општина Кисела Вода, до луѓето кои што работата заедно со градоначалникот за тоа кое што беше ветувано за време на кампањата, денеска го гледаме како се реализира. Еден од тие проекти е и овој денеска за кој ние сме собрани, гледаме како истиот тој се создава, се гради, дел е готов, дел ќе биде многу набрзо готов. И навистина е задоволство како претседател на најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ со еден ваков пример покажуваме дека не се сите исти на политичката сцена, истакна денеска лидерот на ВМРо-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Имате политичари кои што се длабоко навлезени во криминал и корупција, или таканаречени политички криминалци и измамници, и имате политичари нихилисти кои што за се гледаат негативно, а се со цел да соберат по некој политички поен мислејќи дека така ќе можат повеќе да добијат за себе и неколкумина истомисленици околу нив.

ВМРО-ДПМНЕ е партија од партија од народот и ВМРО-ДПМНЕ исклучиво е фокусирана да испорача за народот. Јас сум убеден дека веќе на следните предвремени парламентарни избори народот тоа го препознава и ќе даде шанса за сето она кое што денеска се случува во овие 42 општини каде што ВМРО-ДПМНЕ има градоначалници го пресликаме на централно ниво, преку институциите и преку проектите кои што ќе ги реализираме на целата територија на нашата Македонија.

Уште еднаш честитки и сакам да го кажам моето задоволство за ова што го гледам и само да ги охрабрам така да продолжат да покажат дека ние не сме како овие политички криминалци и измамници и политички нихилисти или луѓе кои што само со негација гледаат на работите – нагласи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ние знаеме каде ја водиме Македонија – кон просперитет и иднина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Мицкоски: Исполнуваме клучно ветување – се гради автопатот Скопје – Блаце

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски