Мицкоски во Илинден: Зоран Заев зборува за аболиција, а аболиран е од Црвенковски и од Јанева

Од:

Христијан Мицкоски, денеска пред граѓаните на општина Илинден порача: Истиот тој Зоран Заев еднаш аболиран од Бранко Црвенковски, еднаш од Катица Јанева денеска зборува за аболиција.

Замислете човекот којшто е основоположник на аболицијата во Македонија, па има образ, наместо да излезе да се извини и побара прошка од граѓаните тој повторно го гледам на плоштадите ме напаѓа мене.

Пола говор му е против мене и против политиките на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Мицкоски од Илинден.

Тој порача дека тоа што го прави СДСМ и Заев нема да ја однесе Македонија во Европа, затоа што во Европа треба да одат луѓе кои се честити политичари, луѓе коишто заедно со честитиот народ, вреден народ одат кон Европа, a не луѓе кои со криминал го стекнале своето богатство и продолжуваат со несмалено темпо да прават криминал.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

Премиерот Мицкоски во политичко-економска посета на Унгарија

Мицкоски: Остануваме на ставот за една изборна единица

Мицкоски: Никој однапред не може да има увид во говор на првата дама на САД

Мицкоски: Цената на горивата се очекува да има влијание врз инфлацијата, но не големо

Горан Наумовски

Мицкоски: Можно е повлекување на мазут од државните резерви