Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е против промена на Уставот со цел промена на уставното име

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за МРТ кажа дека тој лично и неговата партија нема да се согласат со промена на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија.

Како што кажа Мицкоски и тој и партијата нема да прифатат било какво решение доколку за тоа граѓаните немаат можност да се изјаснат на референдум.

– Спорот со јужниот сосед не го опфаќа само името, тој е комплексен, има и идентитески елементи. Мицкоски прашан како би реагирал доколку има предлог за името, нагласи дека секоја одлука која тој би ја донел би била единствено во интерес на Македонија и дека решението доколку го има, треба да биде достоинствено.

Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ е надвор од процесот за името и дека досега немале покана за учество. Мицкоски напомена дека не знаат што официјално се случува и дека информациите ги добиваат од медиумите.

-Она што ВМРО-ДПМЕ го добива како информација од процесот е од конференции, натписи по медиумите, полувистини, а можеби и вистини и не знаеме како да ги квалификуваме бидејќи немаме реални суштински информации и не сме дел од тој процес, рече Мицкоски.

Мицкоски во интервјуто напомена дека власта и опозицијата во Собранието формирале работни групи што ќе дискутираат за дел од реформските закони. Тој не прецизираше дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе се вратат во Собранието, но напомена дека едно од сценаријата е изготвување на Закон за аменстија за притворените за настаните од 27 април.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Остануваме на ставот за една изборна единица

Мицкоски: Никој однапред не може да има увид во говор на првата дама на САД

Мицкоски: Цената на горивата се очекува да има влијание врз инфлацијата, но не големо

Горан Наумовски

Мицкоски: Можно е повлекување на мазут од државните резерви

Мицкоски: Владата не размислува за отворање на Уставот

Мицкоски: Граѓаните гледаат кој како работи и во согласност со тоа ја даваат подршката на избори