Мицкоски: Владата сериозно да седне и да разговара со пензионерите, да ги исполни нивните барања

Од:

Во услови кога министерот за финансии изјавува дека буџетот е во одлична позиција, најмалку што заслужуваат пензионерите е нивните барања да бидат исполнети. Владата треба сериозно да седне со пензионерите и да разговара, за да ги исполни нивните барања, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали ги подржува протестите на пензионерите, за време на неговата посета на Велес.

Тој посочи дека пензионерите заслужуваат својот пензионерски живот да го поминат без да имаат грижа дали на први ќе им стигне пензијата.

-Во услови кога министерот за финансии изјавува дека буџетот е во одлична позиција, најмалку што заслужуваат пензионерите е нивните барања да бидат исполнети. Наместо парите да бидат дел од сивата економија и да се трошат за криминал и сомнителни набавки во четири очи, треба да се седне сериозно да се разговара со пензионерите и да се исполнат нивните барања, ако е точно она што сега го зборува Владата дека буџетот бил во одлична кондиција, потенцира Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар