Мицкоски: Условите што утре ќе ги договориме со банките не зависат само од мене

Од:

Очекувам да се видиме и да поразговараме отворено и да ја завршиме целата оваа работа утре и веќе од идната недела полека но сигурно да започнеме со подготовки за реализација на заемот бидејќи на дневна основа добивам повици од заинтересирани економски оператори кои сакаат да бидат корисници на оваа линија за да може да ги подобрат инвестициските перформански на своите компании, изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан за тоа какви се очекувањата од утрешната средба со банкарите во врска со унгарскиот заем.

Во однос на тоа дека засега според министерката за финансии само една банка пројавила интерес за преземање на кредитниот ризик, Мицкоски вели не може да каже за исходот од средбата однапред.

-Ние утре ќе разговараме, дали ќе успееме не знам. Каков ќе биде исходот, знам дека сигурно корисниците ќе ги користат оние услови за кои ние зборувавме. Но, мора да напоменам дека и во минатото во последните 30 години, државата секогаш субвенционирала ваков тип на заеми и огромна сума на средства по основ на камати како резултат на тие субвенции завршила кај банките или кај заемодавателите. Дали ќе успеам и кои се условите што на крај утре ќе ги договориме не зависи само од мене. Ние како Влада ќе дадеме се што можеме да разговараме отворено и цениме дека во овој момент во услови на предизвици кои се случуваат насекаде во светот тоа е најмалку нешто што можеме заедно со банките да направиме. Некој ќе рече, не се тие алтруисти, зошто општествена одговорност. Ние како Влада со сите компании со кои соработуваме сакаме да видиме општествена одговорност, затоа што нормално е кога користите срества од граѓаните нешто и да вратите за граѓаните. Ако таа општествена одговорност некој ја банализира јас мислам дека ја погрешил траекторијата, рече Мицкоски

Тој смета дека во зависност од договорот што ќе се направи утре ќе се направат пресметките колку дополнително ќе треба од буџетот да се издвои за каматата, но потенцира дека тоа секако ќе биде најмлаку двапати помалку отколку, вели, да излеземе на отворен пазар преку еврообврзница и да бараме пари, оти државата треба да врати една таква еврообврзница на 25 јануари, кога истекува седумгодишната еврообврзницата од пола милијарда земена 2018 година.

-Сега да излеземе на надворешен пазар, под 6-6,5 проценти не можеме да добиеме еврообврзница, односно да добиеме средства од заемодаватели. Сега ние зборуваме за 3,25 , за 3,5 – 4 проценти, со 3 години грејспериод и рок на отплата од 15 години. Тоа е нешто што на пазарот во Европа и во светот не можете да го добиете во моментот. Поентата е да имаме што повеќе корисници на овие средства затоа што се погласни се информациите дека автомобилската индустрија запаѓа во сериозна криза, имаме голем број компании во Македонија кои што произведуваат за автомобилската индустрија. За волја на вистината лично разговарам со некои од нив, велат дека немаат намалување на нарачките, досега нема таква најава дека ќе има намалување на нарачките, што значи дека останува истиот волумен, истите парчиња кои што од претходно се нарачани. Но ако има намалување на побарувачката единствен начин да се борите, а да ја одржите економијата е со инвестиции. Ние преку овој кредит со минимум 20 проценти сопствено учество ќе обезбедиме бран од 300 милиони инвестиции. Кога на тоа ќе се додадат капиталните инвестиции што ги прави Владата во вредност од околу половина милијарда евра доаѓаме до отприлика 800 милиони евра инвестициски бран кој што треба да резултира со околу 4-5 проценти од нашиот БДП. Само така можеме да се одбраниме од овој предизвик, вели Мицкоски.

Тој потсетува дека енергетски состојбата е затворена суровини и план има, и обезбедено е стабилно снабдување со гас од Азербејџан, производството на електрична енергија тече непречено, а хидропотенцијалот очекува да се подобри со снежните врнежи во текот на зимата.

-Тие два клучни предизвици кои што ги препознавме дека можат да бидат проблем оваа зима ги решивме на време, и затоа ни е потребен овој кредит да може што е можно побрзо да биде ставен во функција за да имаме инвестициски бран за да нема отпуштања како што се случуваат во Германија и кај други производители на автомобили, наведе Мицкоски по присуството на поставување камен темелник за надградба на ООУ Ацо Шопов во населба Радишани, Општина Бутел.

Премиерот Христијан Мицкоски и министерката за финансии Гордана Димитреска-Кочоска утре се очекува да одржат средба со Македонската банкарска асоцијација на која треба да се прецизираат условите под кои бизнис секторот ќе може да ги користи 250-те милиони евра од унгарскиот заем.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Не знам дали е можен исчекор во евроинтеграциите до крајот на годината

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Мицкоски: Ахмети продолжува да биде фактор за нестабилност и тоа мене ме загрижува

Горан Наумовски

СДСМ: Каде е милијардата на Мицкоски за борба со загадениот воздух?

Горан Наумовски

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски сака да го партизира судството, прв на листата беше сопартиецот на Меџити

Горан Наумовски