Мицкоски: Тие што се занимаваат со криминал се и анти-Албанци и анти-Македонци

Од:

Политички не може да биде кога објавувате криминал или основани сомнежи за криминал. Луѓето во политиката треба да бидат свесни дека основано сомневање за криминал не може да биде процес кој што ние етнички ќе го гледаме вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Тие што се занимаваат со тој политички криминал се и анти-Албанци и анти-Македонци и анти-граѓани во Македонија и тоа е лошо, бидејќи гледате на сите мерења криминалот во Македонија, поготово оној политичкиот е на највисоко ниво. Јас сум многу сериозен кога зборувам дека набргу од денеска многу сериозно ќе се впуштиме во борба со криминалот и корупцијата посебно на политичарите, затоа што очигледно дека перцепцијата на граѓаните за политичарите е многу лоша. Сите мислат дека луѓето што се занимаваат со политика се или корумпирани или се криминогени. Тоа мора да се смени затоа што не се сите исти и затоа веднаш по превземањето на Владата ВМРО-ДПМНЕ има план како веднаш да се впушти во немилосрдна битка со овие луѓе во политиката на кои што основна дејност не им е политика и развој на Македонија туку богатење, себепромоција“, истакна Мицкоски.

Мицкоски уште еднаш потенцираше дека објавувањето на скандали е исклучиво од криминална природа кој допрва ќе следи и ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се бори со криминалот и покрај информациите кои што стигнуваат од засегнатите дека поседувале судии и обвинители преку кои ќе вршеле притисок.

„Овој процес е од исклучително криминална природа и допрва ќе следи и ќе се бориме. Во последно време од тие кои што се нападнати до нас доаѓаат информации дека тие поседуваат обвинители, дека поседувале судии и дека сега ќе ги засилеле оние судски процеси, ќе имало хајка во обвинителството и судството. Нека повелат. Организацијата никој не ја уништил. Стоиме на располагање и ако е грев што се бориме со криминалците, ќе одиме до крај и ајде да видиме кој ќе победи“, додаде Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Лидл започна со изградба на маркет во Општина Аеродром

A1on

Влен: ДУИ и Јетон Шаќири го уништија образованието

Османи: Разобличив уште една манипулација на ВЛЕН

Горан Наумовски

ДУИ: Наместо уставни измени и европска интеграција, Вреди ја отвори вратата за опасни влијанија од Белград и Москва

Мицкоски: Прислушувањето на АНБ не е удар врз мене и новинарите, туку врз демократијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче за случајот АНБ: Наместо лов на вештерки, темелна истрага и декласификација