Мицкоски: Темелите што ги поставивме стануваат основа на иднината која заеднички ја градиме

Од:

Седум години… изгубени. Не беа само бројки, беа години во кои згаснуваа соништа. Во кои се гасеше светлината во очите на народот. Години во кои некој си играше со државата како со туѓа ствар. Со твојата мака, со твојата доверба. Секој почеток е тежок. А секој нов почеток е уште потежок, напиша на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.

„Зашто не почнуваш од нула, туку од минус. Од доверба што мора повторно да се заслужи. Ги поставуваш столбовите одново, ги зајакнуваш носечките што со години биле дотраени, кршени, рушени. Зашто без темели, нема иднина.

Затоа, оваа прва година беше најважната. Година во која не зборувавме, туку работевме. Година во која не баравме изговори, туку влечевме први, болни, но нужни чекори. Темелите што ги поставивме стануваат основа на иднината која заеднички ја градиме. Најдоброто допрва ќе се случи. Она што сите го очекувавме. Она за кое бевме постојано разочарувани дека нема да дојде. Она што го заслужуваме и конечно, го градиме. Заедно! Ова е твојата земја. Ова е твоето време. Времето на Македонија допрва доаѓа. Ги градиме темелите на промените, напиша Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?