Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување

Од:

Во текот на денешната посета на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања се осврна и на последните статистички податоци за сиромаштијата во земјата.

„Што се однесува до стапката на сиромаштија, сакам да кажам дека во 2024 е подобра од 2023 и е најдобра од 2020 па наваму. Ако во 2020 стапката на сиромаштија била 23%, во 2023 година била 22,2%, во 2024 година таа е 21,9%. Кога станува збор за нееднаквоста на доходите односно т.н. Џини индекс во Македонија, е исто така најдобар за последните 4 години. Од 33,3% сега е на 29,1% и е најдобар во регионот“, изјави премиерот Мицкоски.

Тој истакна дека Џини индексот е прв пат под 30% во последните 30 години и е подобар од европскиот просек и од сите држави во регионот, а тоа значи дека има поголема еднаквост во распределбата на приходите помеѓу населението.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Минималната плата се зголемува, повисоки примања од април

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Шест компании останаа без лиценца за одгледување канабис, Мицкоски најави нови акции

Премиерот го обвини Филипче за политичка слабост

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

Мицкоски: Создаваме средина каде идеите стануваат иновации