Мицкоски: Софија може да го повлече барањето за менување на Уставот, за билатералните прашања да бидат дел од преговорите

Од:

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека на референдум граѓаните би се изјасниле само дали ја прифаќаат преговарачката рамка сосе билатералниот договор со Бугарија, но не и за менување на Уставот. Тој е дециден дека највисокиот правен акт нема да биде променет, а Бугарите нема да бидат во него. Според него, има притисоци.

„Дали е по свадба тапани, не знам. Јас ќе се задржам на Уставот, предвидува два типа на референдум, по и пред носење на одлука. Не зависен од ова е процесот на менување на Уставот. Промената на Уставот, кажав дека нема да се случи. Гаранција е зборот на 44 пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Не се фокусираме ние на тоа, ние се фокусираме на преговарачката рамка каде е вметнат протоколот. Тука треба да одлучат граѓаните дали прифаќаат ваква преговарачка рамка, која ниту една земја членка немала. Не се грижете, Уставот нема да се смени. Јас знам дека има владини инсталации во опозицијата, каде ќе подриваат. Уставот е безбеден и сигурен. Ние зборуваме за преговарачката рамка“, рече Мицкоски.

Тој спомена дека Европа прави на сила низа промени во Македонија, од знаме до име.

„Ние сме навикнати да живееме под притисок, нас ни е чудно кога нема притисоци. Претходно го опожарија возилото на директорот на јавното претпријатие, ноќеска беше опожарено возилото на пратеникот Петар Ристевски и за малку фалеше да се опожари неговата куќа. Но ќе го издржи сето ова што го прават“, рече Мицкоски на прашањето дали има притисоци за да поддржат уставни пормени.

За децидната изјава на Бујар Османи, кој кажа дека Уставот ќе биде променет, Мицкоски рече: „Ајде времето да покаже. Еве јас ви тврдам дека со сигурност нема да се случи“.

Тој кажа дека има информации, за можен чекор на Бугарија, со кој ќе го повлечат барањето Бугарите да бидат во Уставот, па така, преговарачката рамка да се потврди, а билатералните прашања да бидат дел од преговорите.

„Не би ме чудело Софија да се повлече, а некој тоа да го претстави како победа. Тоа би значело прифаќање на преговарачката рамка и дека билатералниот договор, стана европски договор. Да не ве чуди ако тоа се случи“, додаде Мицкоски.

За него, првата меѓувладина конференција во Брисел е само фотосесија и заблажување.

„Албанија преговара, ние ќе си седиме во чекалната“, додаде Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски – Сијарто: Македонија е предолго надвор од ЕУ

Мицкоски: Ковачевски е исплашен, бега од избори, од дебата

Горан Наумовски

Мицкоски од Тетово: Време е ДУИ да оди во пензија и во опозиција

Мицкоски: Пред партијата е победа на следните претседателски и парламентарни избори

Мицкоски кон Ковачевски: Кога човек е слаб, немоќен и кукавица тогаш за да се прикаже жртва го вовлекува своето семејство

Мицкоски за случајот Пендиков: Политичарите од владата имаат свиткана кичма