Мицкоски: Собрани над 15.000 потписи за Силјановска-Давкова

Од:

До 12 часот собрани се повеќе од 15 000 потписи за поддршка на кандидатурата за претседател на државата на професорката Гордана Силјановска Давкова, информираше денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

По потпишувањето за кандидатурата на Силјановска Давкова во Подрачната канцеларија на ДИК во општина Карпош, Мицкоски истакна дека ако се направи пресек за 14 часот бројката е над 20.000.

-Ова се силни индикатори, очекувам огромна победа на 24 април, а потоа на 8 мај, изјави Мицкоски, посочувајќи дека е уверен во победа во првиот круг со 100 000 гласови повеќе од противкандидатот Стево Пендаровски.

Собирањето граѓански потписи за кандидатурата на Силјаноска Давкова за претседател на државата почна утрово во 8 часот. Нејзината кандидатура е поддржана и со потписи од 30 пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

Мицкоски: Јавноста очекува одговори како беа „оживеани“ предметите на СЈО, за 27 април, за модуларната болница во Тетово

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Сиљановска-Давкова: Со реформите можеме брзо во ЕУ, потребен поодлучен пристап кон Балканот

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

Премиерот Мицкоски во политичко-економска посета на Унгарија