Мицкоски со предлог: Во Карбинци е добро да има населба за млади брачни парови со парцели од по едно евро квадрат, така младите полесно ќе формираат заедница и ќе имаат повеќе деца

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Карбинци кој е во рамки на кампањата за локалните избори која се води под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ се осврна на сработеното од градоначалникот Виктор Паунов, а се осврна и што се може да се направи таму.

„Честитки за сработеното до сега и да продолжи и понатаму со интензивна работа. Сметам дека треба да се размисли да се посвети внимание на демографијата, бидејќи џабе ни се улиците, училиштата, доколку младите не се мажат не се женат и не се формираат многудетни семејства“, рече Мицкоски.

Во оваа насока Мицкоски и со конкретен предлог:

„Да се определи населба за млади брачни парови со парцели од по едно евро квадрат и да бидат ослободени од комуналии. И на тој начин кога ќе формираат заедница, ќе имаат куќа, полесно е да се имаат повеќе деца и мислам дека ова треба да биде приоритет. Ние како Влада ќе помогнеме се што можеме согласно ингеренциите“, вели Мицкоски.

Иако рече тој, ова се локални избори, тоа не значи дека има само локални прашања.

„Овие избори имаат малку поголемо значење и испраќаме пораки и за државни теми бидејќи така допираме и до противникот. За прв пат наместо со промоција со црна кампања со ниски страсти, измислици, дефокус од реалноста. Мојот одговор е ако не го прават тоа, тогаш што ќе прават. Граѓаните видоа што направија за седум години, не само што ништо не направија, туку многу процеси и уназадија, а и ја ограбија државата, народот“, посочи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Надвор од тековните трансфери од централниот буџет, за Кочани ќе се обезбедат дополнителни 100 милиони евра, пари кои ќе се вложуваат во инфраструктурни проекти

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Прочитан си како буквар, не направи ниту една реформа во судството, не те интересира правда

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски: Формирањето многудетно семејство е највисок патриотски чин на еден народ за сопствената татковина

Османи: Мицкоски е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите

ДУИ: Мицкоски јасно ја откри својата политичка опсесија за контрола врз албанската сцена во Македонија

Горан Наумовски

Мицкоски: Левица е на услуга на ДУИ, сега си направиле пазар од кој ќе профитира или ќе се обиде да профитира ДУИ