Мицкоски со обвинувања кон опозициските албанските партии: Имам дилема дали воопшто се во опозиција или пак се резервна варијанта

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска излезе со обвинување до опозициските албански партии дека се со власта.

„Секој што е против референдумот или ја поддржал владата за усвојување на преговарачката рамка со ЕУ, е инсталација на власта“ порача Мицковски.

Мицкоски вели дека има дилема дали се резервна варијанта на власта.

„Јас не сум слушнал став на Албанците во опозицијата, но после тоа што тие го поддржаа овој лист хартија во Собранието, имам дилема дали воопшто се во опозиција или пак се резервна варијанта и базен за пратеници на власта. Тука веќе јас имам дилема каде припаѓаат за да се идентификуваат себе си како опозиција тие треба во јавноста да излезат со ставови во кои што ќе ја критикуваат власта. Ако тие ја поддржуваат тогаш јас не гледам како тие можат себеси да се идентификуваат како опозиција“, порача Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар