Мицкоски се сретна со Пленковиќ – регионалната соработка и европската перспектива во фокусот на разговорите

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на посетата на Брисел, на маргините на Конгресот на Европската народна партија остварил средба со хрватскиот колега, Андреј Пленковиќ.

Како што информира вечерва преку својот Фејсбук профил, на средбата било разменето мислење за актуелните предизвици во Европа, за регионалната соработка и европската перспектива.

-На средбата беше разменето мислење за актуелните предизвици во Европа, регионалната соработка и европската перспектива, со посебен акцент на унапредување на билатералните односи и партнерството во рамки на европското семејство, наведува Мицкоски.

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој со партиска делегација е во Брисел, до 20 март ќе присуствува на Конгресот на Европската народна партија, на кој се поканети и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, како и претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола.

Според најавата од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, партискиот генерален секретар, Драган Ковачки и членот на Извршниот комитет, Стефан Андоновски, ќе присуствуваат на свеченоста на Европската народна партија која во Брисел свечено ќе ја одбележи 50-годишнината.

– Присуството на премиерот Мицкоски и делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ на овој висок собир претставува потврда за цврстата определба на Република Македонија за европска интеграција, како и за активна вклученост во процесите кои ја дефинираат иднината на Европа. Воедно, ова учество е значајна можност за афирмација на националните интереси и за зајакнување на позицијата на државата во рамки на европското политичко семејство. Оваа можност ќе биде искористена за билатерални средби на Мицкоски и партиската делегација со присутните претседатели, премиери и лидери од семејството на Европската народна партија, наведоа од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Антимон од рудник во кривопланечко ќе се извезува во САД, најави премиерот

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги информиравме сојузниците во НАТО и ЕУ за обид за дестабилизација од опозицијата на протестот на студентите

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

Мицкоски: Македонија е отворена за инвестиции и партнерства, нуди поволни услови и квалификувана работна сила

А1он

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е со убедливо водство пред останатите политички партии

А1он