Мицкоски се сретна со Даниел Браун, новиот директор на Фондацијата Конрад Аденауер

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со новиот Директор на Фондацијата Конрад Аденауер во Македонија, Даниел Браун.

Мицкоски му посака добредојде и успешна работа во Македонија, а двајцата се сложија дека соработката помеѓу Фондацијата и ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на високо ниво, но и ќе се засилува.

Уште еднаш се афирмирани одличните релации помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Фондацијата Конрад Аденауер – официјална Фондација на ЦДУ.

Главен акцент на средбата беше ставена на разговорите за идни проекти насочени кон јакнење на капацитетите на партијата.

Преку проекти и настани на Конрад Аденауер поминале цели генерации на политичари на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски ги афирмираше принципиелните заложби на ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграција на Република Македонија, но истакна и благодарност за поддршката која ја добиваме при тоа од Фондацијата и Германија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?