Мицкоски се сретна со Робертсон, Вилсон и Вајт-Спанер

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со поранешниот генерален секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон, Дејмон Вилсон, извршен потпретседател на Атлантскиот совет на САД и поранешниот британски генерал Барни Вајт-Спанер како претставници на Охридската Група.

На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во државата, евроатлантските интеграции на Македонија и престојниот референдум.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на средбата ја реафирмираше стратешката определба на Македонија за членство во ЕУ и НАТО. Соговорниците се согласија дека евроатлантските интеграции се клучни за понатамошниот развој на државата, развојот на животниот стандард, реформските процеси и целокупниот развој на Македонија. Мицкоски истакна дека договорот со Грција, ВМРО-ДПМНЕ не може да го прифати, бидејќи е спротивен на државните и националните интереси на Република Македонија и претставува механизам за понатамошна блокада на интеграцијата на државата во ЕУ“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Минималната плата се зголемува, повисоки примања од април

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Шест компании останаа без лиценца за одгледување канабис, Мицкоски најави нови акции

Премиерот го обвини Филипче за политичка слабост

Горан Наумовски

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците