Мицкоски: Се слушнав со Таравари, во деновите што следат ќе разговараме со сите кои се против политиките на СДСМ и ДУИ

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на прес – конференција кажа дека телефонски се слушнал со претседателскиот кандидат на „Вреди“, Арбен Таравари и му честитал за резулатот.

„Се слушнав со албанската опозиција, со г-динот Арбен Таравари, му честитав на резултатот и му посакав успешни парламентарни избори,  идна влада во Македонија“ рече Мицковски.

Ги повика сите да излезат и да гласаат против политиките на ДУИ И СДСМ. Повика на целосно народно обединување против оваа власт. Ги повика сите националности, сите вери, и неопределените, пензиноерите, младите, стопанските комори, дојдете да се сплотиме и обединиме, порача Мицковски.

Сакав да му изразам поддршка на Таравари и на оние кои се обединија против лошите политики на СДСМ и ДУИ. Со сите оние кои се спротивни на овие политики сме тука да разговараме за иднината, рече Мицкоски.

Сепак тој истакна дека денеска не разговарале за формирање на нова идна евентуална заедничка влада.

-Не разговаравме за тие детали. Во деновите кои што следат и за тоа ќе разговараме. Ние како ВМРО-ДПМНЕ сме тука и сме подготвени да разговараме за иднината на Македонија со сите кои се спротивни на овие политики на ДУИ И СДСМ, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба, да вложуваме во заедничка иднина

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Мицкиски: Следната недела ќе биде познат предлогот за нов Државен јавен обвинител