Мицкоски се слушнал по телефон со првиот човек на европските конзервативци, Доналд Туск

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук објави дека остварил телефонски разговор со претседателот на Европската народна партија Доналд Туск, поранешен претседател на Европскиот Совет и премиер на Полска.

– Разговаравме за актуелните случувања во земјава, го информирав за високиот степен на криминал и инволвираноста на високи претставници на владата во таквиот криминал кој поминува неказнет, како и широката распространетост на корупцијата и гушењето на слободата во земјата. Не е можен напредок, со корумпирано судство, не се можни фер избори со поткуп, и двојни стандарди. Не е можна нормалност со силеџиска и исплашена влада која турка закони за лични интереси на грбот на народот, напиша Мицкоски.

Посочи дека со Туск договориле понатамошна соработка и поддршка во рамките на заедничките процеси во интерес на ВМРО-ДПМНЕ и на земјата.

Би можело да ве интересира

Сојузниците го напуштаат Трамп: Полска нема да испраќа војници во Иран

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Мицкиски: Следната недела ќе биде познат предлогот за нов Државен јавен обвинител