ВИДЕО: Мицкоски се пожали оти Заев не му дал одговор за предложените закони кои требале да исчистат криминал

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека премиерот Зоран Заев не ги прифаќа предлозите на опозицијата бидејќи СДСМ се плаши од нив, штитејќи го криминалот и корупцијата. Мицкоски повторно го повика Заев да го прифати законот со кој политичарите нема да можат да бидат амнестирани, како и да се испита потеклото на имотот кој тие го имаат.

“Имаме коцкање со државните и национални интереси. Владата на Заев стана заложник на своите неуспеси. Без многу голема промисленост и само со една цел, а тоа се повеќе лични бизниси. Затоа државата е влезена во слепа улица. Заев за само десет дена излезе дека брани и штити амнестија, а несака ниту проверка на потеклото на имотот, кој го имаат функционерите”, рече Мицкоски.

Опозиционерот Мицкоски смета дека молкот на премиерот Заев е штитење на криминал и корупција.

“Дадов неколку предлози, а од другата страна има молк. Тој молк не е ништо друго освен штитење на криминал и корупција. Го повикав да поддржи измени на законот со кој тој што е амнестиран, нема да може да се бави со никаква функција. Одговорот беше дека секој што направил криминал ќе одговара. Објавив дека ќе предложиме закон за да се провери потеклото на имотот на политичарите, бидејќи се направија империи на грбот на граѓаните. Од Заев не добив одговор”, вели лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус