Мицкоски се потпиша во Книгата на жалост во Кочани

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посети Кочани и се потпиша во Книгата на жалост во чест на жртвите од трагичниот пожар.

– Денес, во тишина, со солзи и со почит, се поклонуваме пред жртвите и нивните семејства. Вечна им слава. Нека почиваат во мир, напиша премиерот Мицкоски во Книгата на жалост.

Посетата на Кочани, информира владината прес-служба, беше чин на длабока почит и солидарност со семејствата кои поминуваат низ најтешките моменти.

– Во овие тешки моменти, Кочани, Македонија и целиот наш народ тагуваат за младите животи што згаснаа прерано, за соништата што останаа неостварени. Владата останува посветена на целосно расчистување на трагедијата и поддршка на погодените, стои во информацијата.

Би можело да ве интересира

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Мицкоски: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Мицкоски чека одговор од студентите за владиниот предлог за студентски оброк

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски