Мицкоски: СДСМ и ДУИ го потценуваат народот и играат на картата на кратка меморија

Од:

„Тоа што на граѓаните и на Македонија им треба е јасна политика, јасна визија на борба со аргументи, стекнување пријатели, објаснување на нашите аргументи… Нашата позиција како Влада ја знаете. Не треба да ја повторувам, така што тој тип на итроштини ќе ги оставиме во минатото, коешто е поразено. Имаме иднина која што е иднина на развој, на реформи на градба“ рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја синоќешната изјава на лидерот на СДСМ, Венко Филипче за декларација во Собранието за евроинтеграциите и прекинување на преговорите со ЕУ доколку добиеме ново вето од Бугарија.

– Да. Ја слушнав таа изјава којашто дојде од СДСМ. Мислам дека СДСМ и ДУИ го потценуваат народот и граѓаните и играат на картата на кратка меморија. Јас ќе ги потсетам дека тие истите веќе имаа една таква декларација во Собранието, да не ги прифаќаат ултиматумите на Софија. Тие за жал, прифатија се. Ќе ве вратам уште поназад во времето кога имаше исто така една декларација во Парламентот кога немаше да има промена на името на државата исто гласана од СДСМ од пратениците. Па знаете СДСМ кога дојде во Владата што се правеше и што се се случуваше кога се менуваше името на државата. Исто така ќе ве потсетам дека прво ќе ги почитуваа резултатите од референдумот, тој беше неуспешен не ги почитуваа. На крајот од денот ова е работа која што треба да ја водат сериозни луѓе со јасна визија и стратегија. Ова не е игра на итроштини. Видовме итреците седум години што и направија и на државата и на граѓаните, видовме каде стигнавме – рече Мицкоски.

Според премиерот, остануваат само предавството, криминалот, и неколкумина поранешни членови во Владата на СДСМ и ДУИ коишто се ултрамилионери.

-Тоа можат граѓаните да го видат со каков се недвижен и движен имот располагаат во земјава и во странство, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Муцунски и Мицкоски да се огласат по предлогот на Мерц, бара Левица

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, животниот стандард е влошен

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја

А1он

СДСМ: Уште само 8 дена до уште едно големо неисполнето ветување на Мицкоски

Предраг Петровиќ

За Мицкоски одлуката да се запре постапката за набавката на мазут е „скандалозна“, очекува Вишото обвинителство правилно да ги разгледа фактите

„Глодари“ испраќаат анонимни пријави, Абази шири паника – Мицкоски за шпионската афера во претседателскиот кабинет

Катерина Ѓуровски