Мицкоски: РЕК Битола од вчера работи со еден блок на 75 отсто од инсталираниот капацитет

Од:

„Владата најавуваше дека ќе работат од 1ви ноември до крајот на грејната сезона со трите блока во Битола, едниот блок Осломеј, ТЕЦ Неготино во полн капацитет и хидро акумулациите со цел потенцијал. Битола од вчера работи со еден блок на 75 отсто од инсталираниот капацитет, вториот блок вчера (30ти ноември) излезе од мрежа поради пукната цевка, па така само вчера до крајот на денот поткраднуваа вкупно 452MWh од соседните држави кои ќе не чинат за неколку часа неколку стотици илјади €, блокот 3 не работи бидејќи трансформаторот што требаше да стигне на 1ви ноември денес 1ви декември уште не е ни во Македонија, блокот во Осломеј не работи, ТЕЦ Неготино кој требаше да влезе на мрежа до крајот на Ноември поради дефект на генераторот не работи, а хидро потенцијалот е на 18%“.

Ова стои во Фејсбук статусот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој смета дека „тендерите во четири очи со „херојски” авансни провизии во милиони во РЕК Битола. Увозот од десетици милиони € на струја со што авансно се полнат џебовите на власта. Одговорност ќе има, а криминалците во политиката ќе одговараат“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски: Нашата цел е јасна: паметна, дигитална и демократски правична Македонија до 2030 година

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски го зеде судството во свои раце па се фали со добиени пресуди

Горан Наумовски

Мицкоски: И Апелација потврди дека СДС е клеветничка партија

Мицкоски од Брисел: Ние одамна заслуживме да бидеме во ЕУ

СДСМ: Власта ќе носи мигранти за пари од Британија, а ќе ги викаат „економски работници“

Горан Наумовски