Мицкоски: Разочаран сум што власта донесувањето на телата на 45 починати во несреќата во Бугарија ја проследија како некаков спектакл

Од:

Добив многу пораки на згрозување од страна на граѓани кои со неверување ја проследија најавата од официјални лица од владата, небаре станува збор за некаков спектакл. Навистина сум разочаран од тоа што велеа дека ја слушнале пораката од граѓаните, но тие се уште се во политичката кал, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната посета на Прилеп коментирајќи го пристигнувањето на телата на жртвите од несреќата во Бугарија.

Според него не требаше да се дозволи тоа, ниту луѓето кои се виновни што не се почитуваат правилата се уште да одлучуваат.

„Прашањето е како дозволивме како општество, држава покрај тоа што ни се случи во модуларната болница во Тетово и 14 луѓе живи да горат, а сега да се случи ова во катастрофа да загинат 45 лица и како е дозволено толку пати да ја мине границата тој автобус, и како некој толерира да нема ниту морална одговорност. Затоа се потребни нови луѓе кои ќе го напуштат принципот на неказнивост, туку и ќе го засилат“, кажа Мицкоски.

Зачуден сум, додаде тој, „што на овој настан му се даде димензија каква што не треба и што тие луѓе се таму каде што се и одлучуваат, наместо да заминат од власта и функциите“.

Би можело да ве интересира

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Мицкоски: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Мицкоски чека одговор од студентите за владиниот предлог за студентски оброк

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски