Мицкоски: Просветните работници ќе добијат зголемување на платите од седум отсто

Од:

Просветните работници од овој месец практично ќе добијат зголемување од седум отсто, што ќе се надодаде на она зголемување од пет проценти за октомври, односно исплатено ноември, минатата година, изјави премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на тетовскиот регион, одговарајќи на новинарско прашање.

– Сумарно, за период помал од пет месеци, покачувањето ќе биде околу 12,35 проценти со тенденција, согласно договорот што го постигнавме со синдикатите, до крајот на мандатот на оваа влада, тоа покачување да дојде и до педесетина проценти. Сето ова се резултати на напорна работа на сите членови на Владата и јас за тоа им честитам и ги охрабрувам така да продолжиме со пријатни вести за граѓаните и да испраќаме позитивни пораки, рече премиерот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?